Симовски: Ни требаат уште попишувачи, конкурсот е отворен

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вели дека има слаб интерес кај луѓето да се пријават на конкурсот за попишувачи за претстојниот Попис и оти им недостигаат од 1.000 до 1.500 лица.

Тој смета дека слабиот интерес за попишувачи не се должи на пандемијата, туку поради тоа што огласот бил излезен за време на летните одмори, во период кога има работа во земјоделството и кога луѓето се заминати сезонски да работат надвор од државата.

Во вечерашното гостување на телевизијата „Сител“ Симовски апелира заинтересираните да се јават на конкурсот.

– Пописот напролет се одложи за септември. И ова беше период кога моравме да го објавиме огласот за попишувачи. Не очекував дека ќе има толку слаб интерес, особено во пописните реони кои го покриваат градот Скопје и околината, Охрид, Струмица, Ново Село и пописните реони каде што живее албанското население. Ни недостасуваат околу 1.000 до 1.500 попишувачи, вели Симовски.

Тој информира дека во 20 реони од вкупно 50 веќе има задоволителен број попишувачи.

Симовски оценува дека стравот од пандемија не е причина за малиот интерес на граѓаните да аплицираат за попишувачи, оти огласот бил објавен во време кога бројот на заразени бил многу мал. Но, и сега кога бројот се зголемува, луѓето инсистираат да нема никакви мерки.

– Инсистираме да одиме по кафеани, журки, да правиме свадби. Ако имаме страв од пандемијата за пописот, зошто немаме страв од работите кои ги набројав. Непочитувањето на мерките не доведе до ваква ситуација. Од една страна велиме, се плашиме, не примаме попишувачи и не сакаме да бидеме попишувачи, а од друга страна, сакаме да седиме по кафеани и ни пречи да се вакцинираме, вели Симовски, потенцирајќи дека тие работи се малку нелогични, односно пандемијата да се земе како оправдување.

Според него, има доволно време да се пријават заинтересираните на огласот за попишувачи за кои обуката почнува од 28 месецов.

– Ќе ги искористиме сите можности да ја пренесеме информацијата дека ни требаат попишувачи, потенцира Симовски, кој, меѓу другото, смета дека луѓето не се доволно информирани дека им требаат попишувачи.

Доколку не успеат да соберат доволен број попишувачи, Симовски вели дека имаат план Б, но се надева дека, сепак, нема да има потреба од алтернативи.

Директорот на ДЗС истакна дека пописот ќе се спроведе според мерките за заштита. Половина од попишувачите веќе се вакцинирани, а другите изразуваат желба за да бидат имунизирани.

Тој потенцира дека пописот е законска обврска и не сака да бидат доведени во ситуација да применуваат санкции. Според законот, Пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се одржи од 5 до 30 септември.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе