Хроника

Син го пронашол мртвиот татко во бунар во Арачиново

20. јули 2019 - 16:13 | МИА

Жител на Арачиново е пронајден мртов во бунар, во близина на семејниот дом во Арачиново.

Вчера околу 21:30 часот во СВР Скопје, Г.Р.(38) од с.Арачиново пријавил дека го пронашол телото на неговиот татко Н.Р.(68) во бунар во близина на својата куќа во Арачиново.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Коментирај