По 15 години

Синдикатот и Министерството за култура потпишаа колективен договор

Вработените во културата конечно по 15 години добија колективен договор со кој ќе имаат регулирани работнички права, а од 1 јули следната година ќе бидат утврдени и коефициентите за платите. Договорот беше потпишан денеска од страна на Синдикатот на културата и Министерството за култура.

Договорот ќе придонесе до правичност во групирањето на работните места, праведна валоризација на трудот на вработените, остварување на правата на додатоци на плата, спречување на злоупотребата на вработените во културата, селективност и фаворизација во утврдување на правата по работен однос и регулирање на други релевантни прашања од работниот однос.

– Овој колективен договор ги регулира работните односи на работниците во културата кои долги години не беа регулирани. Со потпишувањето ќе бидат регулирани работничките права, се валоризира трудот, се утврдуваат надоместоците и се заштитуваат сите права на вработените од културата, истакна министерот за култура Хусни Исмаили.

Од Синдикатот за образование, наука и култура се задоволни од потпишаниот колективен договор, но велат дека и во следниот период доколку има некакви неправилности ќе работат на нивно надминување.

–  Моето убедување е дека во културата во која има вградено повеќе области невозможно е да се најде идеален текст и идеален колективен договор. За таа цел, во соработка со Министерството за култура и колегите од Синдикатот за култура интензивно ќе работиме и во следниот период за надминување на сите отворени прашања со кои заеднички ќе утврдиме дека некаде можеби несвесно сме направиле грешка, рече претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков.

Во колективниот договор има одредба со која е загарантирано зголемувањето на платите во културата и тоа нема да зависи од исходот на предвремените парламентарни избори.

– Во колективниот договор постои клаузила која кажува дека платите ќе бидат исплатени од 1 јули. Без разлика кој ќе биде на власт, тие средства ќе бидат исплатени, рече Сања Арсовска од Синдикатот за култура.

Владата во саботата го овласти министерот за култура да го потпише колективниот договор, а Министерството за финансии го задолжи да ги обезбеди средствата за зголемување на платите.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе