Синот на Том Хенкс се пожали: Не беше лесно да се расте во богатство

Чет Хенкс, син на славниот актер Том Хенкс, изјави дека раснењето со татко награден со Оскар не било баш лесно, но за тоа немал со кого да разговара.

„Немав јак машки пример кој би ми рекол да не се грижам што зборат тие околу мене, дека само ми се љубоморни“, изјави 31-годишниот Чет во видео на неговиот YouTube канал.

Тој вели дека бил непочитуван од своите врсници поради богатството, славата и перципирањето на „арогантно, привилегирано и разгалено“ дете.

„Кога ги имаш сите тие  работи кои другите ги посакуваат, тогаш се обидуваат да те понижат за да не се чувствуваат лошо поради сопствената љубомора. Тоа требаше да го слушнам, но немав некој да ми го каже тоа“, вели Чет.

Додава дека луѓето имале однапред стекнато мислење за него уште пред да го сретнат или запознаат.

„Беше исклучително тешко да ги урнам нивните ѕидови. Наидов на многу презир, многу непријателства и негативности бидејќи сите едноставно беа подготвени да ме мразат“, се пожали тој.

Чет на Instagram редовно објавува фотографии на кои го покажува мускулестото тело прекриено со тетоважи. Вели дека многу хејтери поради неговиот опасен изглед никогаш немале храброст да се соочат со него очи в очи.

„Луѓето си играа мајтап со мене додека растев. Но, секогаш тоа ми го правеа зад грб, во облик на озборување“.

Чет појасни дека раснењето со привилегии може да резултира со огорченост на оние кои ја немаат таа среќа.

„Постојат многу предности, но понекогаш може да биде прилично чудно. Можам да правам работи за кои другите луѓе немаат прилика да ги направат. Можам да патувам низ светот, да престојувам во убави хотели, да летам со приватни авиони и сум благословен поради тоа. Не би се менувал со некого“, заклучи на крајот Чет.

Актерот Том Хенкс има два сина со сопругата Рита Вилсон.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе