Сите голови на Кристијано Роналдо во Серија А
Јувентус постави клупски и национален рекорд за најголема трансфер сума кога во летото 2018 година плати 100 милиони за Кристијано Роналдо, кој стави крај на една многу успешна епизода во Реал Мадрид. Една сезона подоцна, тој е неизоставен дел од хајлајт видеата на Серија А и најголема ѕвезда во Италија.
Во дебитантската сезона Роналдо постигна 21 лигашки гол за Јувентус и беше клучен дел од уште една титула во Серија А за „бјанконерите“. Сите негови голови можете да ги погледнете во ова видео.