Сите проблеми на Зидан: Што се случува во Реал Мадрид?

Седумте гола што ги примија од Атлетико Мадрид на пријателски натпревар го разлутија Зинедин Зидан до крајни граници.

По натпреварот што Реал Мадрид го изгуби со 7:3 и беше на добар пат да изгуби со уште поголема разлика, Французинот воопшто не ги посети играчите во соблекувалната.

Катастрофалниот пораз од градскиот ривал Атлетико во рамките на Меѓународниот куп на шампиони на стадионот МетЛајф во Источен Радерфорд беше толку шокантен, што Зидан излезе со една конфузна изјава од која не можеше да се заклучи дали се обидува да се утеши себе или јавноста за дебаклот.

Зидан беше самокритичен, со коментар дека сите биле лоши, почнувајќи од него.

„Не сум загрижен, ќе бидеме подобри кога ќе почне сезоната. Одработивме добри подготовки во САД. Влеговме во натпреварот многу лошо. По осмата минута веќе губевме 2:0. Тоа е тешко достижно кога се игра на олку високо ниво. Не се ни консолидиравме, ниту се обидовме да направиме пресврт. Ништо не функционираше, сѐ ни недостигаше, особено интензитет. Ни дадоа седум гола, тоа не смееше да се случи, но играчите веќе го знаат тоа, не треба да им нацртам. Тие се најразочарани од својата игра и резултат. Сепак, не сметам дека треба премногу да се задржуваме на тоа. Ова беше само пријателски натпревар. Играчите не ме изневерија. Се подготвуваме за нова сезона, резултатите на пријателски натпревари не се важни. Мора да останеме мирни. Најважно е да бидеме исправни до 17 август и почетокот на сезоната. Не бевме добри, ама ќе продолжиме да работиме. За нас ова беше пријателски натпревар, а за Атлетико очигледно не беше“, рече Зидан.

И згора на сѐ, пропадна трансферот на Герет Бејл во Кина што требаше да му донесе богатство на Реал.

Новинарот на BBC Дејвид Орнстин првично ја соопшти веста со тврдење дека Реал дефинитивно се повлекол од договорот. Она што се дозна веќе следниот ден беше дека Ѓијангсу Сунинг од кинеската Суперлига го избра  хрватскиот напаѓач Иван Сантини од екипата на Андерлехт, наместо Бејл.

Кинескиот клуб веќе има пет странци во својот состав, а соред правилата на лигата, секој клуб може да користи до четири спортисти родени надвор од Кина. Од таа причина, Ѓијангсу се очекува да се раздели со италијанскиот интернационалец Габриел Палета, чие место ќе го заземе Сантини.

Прозорецот за трансфери во Кина се затвора во среда, а договорот за Бејл, кој се сметаше за сигурен, пропадна во последен момент.

Шпанските новинари веќе почнаа со критики на сметка на неговата тврдоглавост, а Зидан одговара со тоа што покажа дека не планира јавно да зборува за проблемите во Реал што само се трупаат.

„Реал губеше три пати во рана фаза од натпреварите, а веднаш по примените голови му паѓаше интензитетот на игра. Немаше реакции, играчите не се потресоа, а фактот дека примија дури 12 голови во првото полувреме на пријателски натпревари е катастрофален сам по себе. Промените на Зидан не донесоа ништо во играта на Реал. Уште го чекаме тој потег што ќе нѐ изненади“, беше немилосрден весникот Marca во анализата на играта на Реал.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе