СЈО бара затвор за Грујевски и алтернативни мерки за службеничките во УБК

Специјалното јавно обвинителство побара од судот затвор за поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски, а за службеничките во УБК алтернативни мерки. Обвинителката Ленче Ристоска рече дека конечно по една година дошло крај на постапката со прислушување. Македонија, како што рече таа, стана број еден во светот.

„Бевме изненадени кога во 2016 откривме дека се уништени системите за следење на комуникациите. Мотивот на ништењето на документацијата е да се спречи откривањето на лицата кои наредиле уништување на системите и да се отежне истрагата. Грујевски иако немал овластување, формирал комисија за ништење на документацијата. Службеничките во УБК морале да му ја одбијат наредбата оти е незаконска, рече Ристоска.

Службеничките извршиле увид во документацијата и противзаконски направиле пописна листа. Нема ниту опис на тоа што се ништи, ниту образложение за која цел е потребно ништењето. Документацијата се ништи во исто време кога се уништуваат и системите за следење на комуникациите. Државниот архив не дал согласност на УБК за ништење
на документите.

УБК е внесена во листата на институции за чување документација во УБК дури во 2016, а документите се уништени во 2015.

„За Грујевски бараме најстрога затворска казна бидејќи кривичното дело го извршил на најдрзок начин, со злоупотреба на моќта и авторитетот. Дополнително, тој побегна за да избегне одговорност“.

Олеснителната околност дека е татко на две деца, а е во бегство, според СЈО покажува негрижа за семесјтвото, т.е. ги оставил на цедило.

СЈО побара алтернативни мерки за 6те службенички на УБК. Ниедна не се покаја за стореното дело, СЈО побара тоа да се цени како отежителна околност.

За една од обвинетите службенички, СЈО побара да се цени нејзиниот придонес за расветлување на случајот. Ристоска во завршните зборови го цитираше и Теодор Рузвелт за правдата.

За одбраната нема кривично дело. Велат дека СЈО нема мандат да гони дела сторени во 2015, а мандатот на СЈО е за дела до 2015 година.

„Ова е проширување на надлежноста на СЈО, и доведува до правна конфузија“ рече Петар Василев, кој потенцираше дека СЈО е нанадлежно.

СЈО не понуди ниеден доказ кој го докажува кривичното дело, а надлежно е само Јавното обвинителство, според Василев.

Адвокатите на Грујевски и службеничките повеќе од еден час во завршните зборови се обидуваа да ги одбранат нивните клиенти.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе