Скопјанец под истрага бидејќи со пиштол се заканувал на четиричлено семејство

Скопје, 3 август 2022 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за истражна постапка за 36-годишно лице откако осомничениот нападнал и се заканувал со пиштол во рака врз двајца сопружници и нивните две малолетни деца на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.

– Осомничениот 36-годишник, на 2 август, на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, ја загрозил сигурноста на двајца сопружници и предизвикал чувство на загрозување и страв кај други присутни лица. Додека сопружниците и нивните две малолетни деца со автомобил Тојота се движеле по булеварот, оштетениот и другото лице претрчале пред нив. Осомничениот се доближил до возилото на оштетениот, ја отворил возачката врата, започнал вербално да се расправа, држејќи во раката пиштол марка TANFOGLU во кој имало рамка со 10 куршуми и за кои немал дозвола да ги поседува, информираат од ОЈО Скопје.

Оттаму велат дека осомничениот потоа започнал со клоци и тупаници да удира во задниот дел од возилото каде што седеле децата. Кратко потоа полицијата го лишила од слобода и му го одзела оружјето.

Од ОЈО Скопје се додава дека осомничениот претходно бил веќе осудуван за кривични дела, од кои еднаш за обид за убиство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе