Скопје најголемо жариште на COVID-19, есенскиот бран ќе биде сериозен предизвик

Во текот на вчерашниот ден регистрирани беа вкупно 163 новозаразени со COVID-19, 40 оздравени, и тројца починати. Со ова, бројката на вкупно активни случаи во земјава се искачи на 3.284. Највисоките бројки сѐ уште се бележат во Скопје, а најмногу во Чаир.

Како што соопшти вчера Министерството за здравство, од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје-70 лица, во Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.

Од 40-мината оздравени, шест се од Скопје, еден од Куманово, од Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1 и Ресен – едно лице.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни, информираше вчера Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.758. Бројката на оздравени пациенти е 2.206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.284.

 

Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир со вкупно 421 активни случаи. Потоа следуваат општините Аеродром – 143, Бутел – 139, Гази Баба – 149, Центар – 125, Карпош – 125.

Сепак, во овој момент, како што оцени министерот за здравство Венко Филипче, нема индикација за воведување дополнителни рестрикции во движењето. Изминатите неколку дена факторот на пренос на COVID-19 е под единица и ако така остане, очекувањата се дека бројот на заболени ќе се намали.

Според Филипче, и покрај вториот бран кој е со поголем интензитет од првиот, ситуацијата добро се менаџира, а здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Располага со доволно болнички кревети и со доволно кадар – лекари и медицински сестри.

-Еден од главните критериуми врз на кои се проценува дали и какви мерки треба да се воведат е капацитетот на здравствениот систем – број на слободни болнички кревети и кадар, што ние засега добро го менаџираме. Има сосема доволно и кревети и лекари и медицински сестри. Не постои друг принцип врз основа на кој би се вовеле некакви мерки, освен овие на кои се темелат и нашите политики и препораки, подвлече Филипче.

Она за што министерот најмногу предупреди е фактот дека доаѓаат есенските месеци кога луѓето повеќе ќе бидат во затворено и ќе почнат да работат училиштата. Ова се според него сериозни ризик фактори и може да биде сериозен предизвик за здравствениот систем, многу поголем и од првиот и од вториот бран.

Тврди дека здравствениот систем сега е многу поспремен од почетокот на кризата, но оти не е целта да се зафатат сите кревети, туку да се спречи вирусот. Повторно апелира да се почитуваат мерките  бидејќи, како што наведе, само така и заеднички можеме да се справиме со пандемијата.

Филипче вчера имал средба со претставници на Исламската верска заедница, а планира да се сретне и со претставници на МПЦ, како и со претставници на невладини организации. Врз основа на тоа ќе иницира заеднички состанок со Владата.

Целта е активно вклучување во кревање на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита.

– Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во зедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита. За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа. За оваа цел, Министерството за здравство иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници на која ќе ги дефинираме начините за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот, истакна Филипче.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе