Скринингот на учениците за COVID-19 ќе биде со брзи тестови, најави Петличковски

Скринингот на учениците за COVID-19 се размислува да биде со брзи тестови, кои не се премногу на број, но 10.000-20.000 тестови се на располагање и ќе биде на случајни ученици со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие старосни групи, изјави денеска доктор Александар Петличковски, кој е нов претседател на Комисијата за заразни болести.

Тој информира дека претходниот скрининг покажуваше со која стапка се развива инфекцијата во основните и во средните училишта и во таа насока ќе биде и оваа акција, оваа активност.

-Во пресекот на неделните бројки гледаме дека во популацијата од 12 до 18 години има многу мала стапка, многу ниска инциденца и тоа ни дава за право да ја предложиме наставата со физичко присуство бидејќи во овој распон на популацијата нема значајно присуство на инфекциите, рече Петличковски, додавајќи дека идејата е така и да остане.

Нагласи дека со применување на строгите протоколи, со проветрувањето, со брзото изолирањето на оние кои имаат сиптоми, но сепак со инсистирање на физичкото присуство, најмалку што сакаат е да наштетат на психо-физичкиот развој на децата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Петличковски рече дека брзите тестови имаат помала специфичност за детектирање на омикронот отколку на делта сојот.  Таа специфичност, како што рече, се движи некаде над 50 отсто и ќе бидат некако употребливи.

Петличковски информира дека и во моментов протоколите не се со изолирање на целото училиште, туку со учениците кои се во непосредна близина на ученикот или студентот кој излегол позитивен. Тие одат во изолација, дури и тестирање не се предлага доколку немаат симптоми. Се тестираат со PCR-тест само симптоматските пациенти. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе