Словенија забрани работење на продавниците во недела и за празници – Кога кај нас вака?

Словенија вчера усвои измени на Законот за продавници со кои се укинува работењето на продавниците во недела и за празници.

Словенечкиот портал 24uhr објави дека се работи за предлогот на пратениците од левицата, а измените на Законот ги поддржаа 72 од 88 пратеници кои вчеравечер беа присутни во Парламентот. Нивната одлука стапува на сила 15 дена по објавувањето во Службен весник.

Наведено е дека исклучоци се предвидени за продавници до 200 квадратни метри што се наоѓаат на бензински станици, гранични премини, пристаништа, аеродроми, железнички и автобуски станици, како и во склоп на болници.

Исклучоци се и други продавници помали од 200 квадратни метри, но под услов сопствениците сами да ги послужуваат муштериите, со помош евентуално од пензионери или студенти.

Расправата за тоа дали продавниците треба да бидат затворени во недела и за празници во Словенија трае со децении, слично како и во Хрватска каде во последно време повторно се актуелизира.

Со ова прашање во Словенија се занимаваше и Уставниот суд, а во септември 2003 година граѓаните за тоа се изјаснија и на референдум.

Забраната за работа во недела тогаш ја поддржаа нешто повеќе од 57% од гласачите кои излегоа на референдумот.

Меѓутоа, одлуката што вчера ја донесе Парламентот не ја поддржува и словенечката Влада.

Државниот секретар во Министерството за економија Димон Зајц вчера во Парламентот ја изрази загриженоста на Владата бидејќи станува збор за одлука што се однесува на стратешка гранка на стопанството на земјата и тоа во време кога ситуацијата е исклучително тешка. На измените на Законот остро се противи и Стопанската комора на Словенија.

Според Законот за работните односи кај нас, полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно ако договорот за вработување гласи на полно работно време. Со закон, односно со колективен договор може да се одреди како полно работно време, работното време кое е пократко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа неделно.

За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе