Разбојник нападнал 80-годишна жена на еден од градските пазари во Скопје. Тој сакал да ја ограби, но бил спречен од случаен минувач кој го совладал и го задржал сè додека на местото не пристигнала полиција.
Скопското обвинителство соопшти дека осомничениот ја турнал жената и ја влечел по бетонот, по што избегал. Граѓанин, кој се нашол на местото на нападот, го фатил разбојникот и го задржал сè до доаѓање на полицијата.
Судот на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.