Случајот „Меѓународен сојуз” не е измама, смета адвокатот Сашо Дуковски

Од класичен облигационен однос меѓу невладината „Меѓународен сојуз“ и бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски, Обвинителство направи измама, оцени бранителот на обвинетиот Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, во своите завршни зборови во судскиот процес за случајот „Меѓународен сојуз“.

Тој посочи дека највисок орган во невладината „Меѓународен сојуз“, е претседателот на Собранието, а не обвинетиот Јовановски, како негов претседател, па според него, нелогични се тврдењата на сведокот Агапи Дика дека не знаела што потпишува.

– Не можам да му го утврдам статусот на Силјан Мицевски. Кој е Бојан, да го измами еден од најуспешните бизнисмени во државата. Треба да имате докази дека некој влијаел врз него. Нека се обиде кој било од нас на Силјан Мицевски да му побара 70.000 илјади денари, а не 719.000 илјади евра, па да видиме дали ќе ги добие, наведе адвокатот Дуковски.

Освен за првообвинетиот, Дуковски завршни зборови денеска изнесе и за обвинетите Миле Јовановски и Христина Блажевска, при што му предложи на Судот да ги ослободи од вина со образложение дека обвиненијата за кои се товарат се неосновани.

Првото рочиште за овој предмет се одржа на 1 јули 2020 година. Судењето за случајот го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на денешното рочиште на Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е јавниот обвинител Трајче Пеливанов.

Според обвинителниот акт, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски – Боки 13 и ги оштетиле со повеќе илјади евра.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ – Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе