Сметките за струја ќе се плаќаат со 18% ДДВ додека не се донесат законските измени

Скопје, 13 јули 2021 (МИА) – Се додека Собранието не ги донесе потребните законски измени за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто, домаќинствата ќе ги плаќаат сметките со постојната ставка на ДДВ од 18 отсто која е сега на сила, потврди денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Сѐ додека Предлог законот не помине на Собрание и не се објави во Службен весник важи постојното законско решение, а тоа е дека сметките ќе доаѓаат со ДДВ од 18 отсто што е сега на сила. Штом ќе помине законот во Собрание, од денот на неговото донесување ќе се пресметува 5 отсто ДДВ за домаќинствата за потрошена електрична енергија, прецизира Бесими во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека се разгледува можноста со пратенички амандман да се побара намаленото ДДВ да важи од 1 јули како што е првично определено во законското решение.

-Од формално правен аспект ќе се разгледува дали е возможно да се спроведе во пракса такво решение доколку има таква опција. Прашање е на време и на постоење на правна можност дали тоа може да се спроведе и да се реализира, рече Бесими.

Според него, јасна е намерата на Владата за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто и целта ќе се постигне.

-Прашање е на денови или на недели кога законските измени ќе бидат усвоени во Собранието. Апелираме да има разбирање и колку што е можно побрзо овој закон да помине во Собрание, но секоја дискусија е легитимна и имаме разбирање. Сепак, ова е едно од прашањата кое има директно влијание кај граѓаните и сметаме дека процедурата треба да се заокружи колку што е можно побрзо за сметките да доаѓаат со намалено ДДВ од 5 проценти, порача Бесими и ги повика пратениците што е можно побрзо да го донесат законското решение, затоа што, како што рече, е директен интерес на граѓаните.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе