Смртта на младиот фудбалер е чудна, смета италијанскиот обвинител

Државниот обвинител од Удине, Антонио де Николо, е изненаден од смртта на фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина утрово на 31-годишна ворзаст, во сон.

Тој бил најден мртов во неговата хотелска соба откако не се појавил на појадокот со тимот и не се јавувал на телефон.

 „Се претпоставува дека играчот починал од срцев удар. Тоа е чудно да му се случи на професионален спортист чие здравје е внимателно следено и немало знаци за предупредување“, рекол обвинителот.

Поради смртта на италијанскиот репрезентативец одложени се денешните мечеви од Серија А, а се шпекулира дека ќе биде поместен и првиот меч од финалето меѓу Јувентус и Милан кој е закажан за 13 март.

Фиорентина првично соопшти дека фудбалерот “ненадејно се разболел“. Претседателот на клубот Андреа дела Вале рече дека Астори утре требало да потпише нов договор со кој „доживотно“ ќе се врзеше за Фиорентина.

Сопругата на Астори била известена за неговата смрт лично од претставници на клубот, додека неговите родители кои живеат во Бергамо, биле информирани телефонски.

Фановите во Фиренца ставаат шалови, цвеќиња и пораки на оградата на стадионот во чест на прерано починатиот фудбалер.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе