Снежана Стојчевска ја промовира стихозбирката „Празно место“ во Охрид

Стихозбирката „Празно место“ од Снежана Стојчевска ќе има промоција вечерва од 19 часот во КИЦ 365 во Охрид.

Ова е шеста поетска книга на Стојчевска, а издавач е „Современост“.

За книгата, на промоцијата ќе зборува поетесата Марина Икономова-Шокева, а организатор на настанот е здружението „Креативна верига“. Автор на корицата е Калин Маловски.

Книгата беше промовирана во Скопје, во ноември минатата година.

Според рецензентката Љупка Антеска, стихозбирката ги надминува високите поетски очекувања.

„Поезијата на Стојчевска пулсира со огромна страст, длабок сензибилитет, а сепак гради ненаметливи нишки на едно секојдневие. Кога би требало да ја споредиме со боја, веројатно би рекле дека е „темноцрвена“, елегантна, дискретна, топла, дозирана до совршенство. Тоа не е лесно да се направи со зборовите како единствено оружје, а на поетесата ѝ успева…“, вели Антеска.

Снежана Стојчевска (1980) дипломирала на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Застапена е во повеќе антологии и книжевни списанија. Ги има објавено следниве книги: „Шеќер по подот“ (2012, ИЛИ-ИЛИ), „Под нулата“ (2013, награда „Бели мугри“ што ја доделува Домот на културата Кочо Рацин – Скопје), „Модри фантазии“ (2015, Темплум), „Треба да е лесно“ (2017, Антолог), „Ќе се завијам во песни“ (2019, МИ-АН) и „Празно место“ (2022, Современост).

Од почетокот на 2018 година е ангажирана како извршен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“. Истата година станува дел од европската платформа „Версополис“. Во 2019 г. се јавува како приредувач и уредник на арт-панорамата „Допир“, во издание на Арт Еквилибриум, Гевгелија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Беше дел од организацискиот одбор на првото издание на Скопскиот поетски фестивал (2021). Од април 2022 година ја извршува функцијата директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе