Со 3 состојки направете свој парфем

Сите сакаме убав и свеж мирис да нè придружува цел ден, а нема подобар комплимент од тоа кога ќе нè запомнат по одредена мирисна нота. Секогаш кога се подготвуваме за состанок, работа или некој друг настан, го нанесуваме омилениот парфем, но пречестата употреба не е најздравата опција.

Наместо да потрошите многу пари, можете сами да си направите парфем: имате слобода да го направите саканиот мирис без штетни состојки. Сè што ви треба е: етерични масла, етанол (алкохол) и дестилирана вода.

Етеричните масла не само што имаат исклучително пријатен мирис, туку имаат и одлични лековити својства. Употребата на етерични масла за козметички и медицински цели се користи уште од античко време.

Кога ќе се впуштите во процесот на правење парфем, најдобро би било сами да одберете 3 до 5 етерични масла и да ги измешате, за да ја добиете токму онаа нота што ја сакате.

Можете да капнете масла на мал лист хартија или тест лента за парфем и да пробате различни комбинации додека не го добиете совршениот мирис.

Кога ќе направите концентрат од избраните масла, додадете 2 лажички етанол (алкохол). Потоа во смесата додадете уште 60 ml дестилирана вода. Добро промешајте.

Во зависност од тоа колку јак мирис сакате, можете да додадете помала или поголема количина на етерични масла. Добрата страна на овие масла е што тие во просек имаат помала веројатност да предизвикаат алергиски реакции на кожата во споредба со парфемите.

Доколку имате одреден дерматолошки проблем или алергиска реакција, најдобро би било прво да се консултирате со лекар.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе