Собранието нема да се распушти во среда

Во Собранието за четврток (13 октомври) e закажанa седница, иако тоа треба да се распушти во среда (12 октомври) 60 дена пред избори.

Собранието нема да се распушти на 12 октомври поради недонесувањето на предлог-буџетот за 2017 година, а според собраниските служби, за да се распушти законодавниот дом потребно е да поднесат иницијатива партиите или некој од пратениците.

Собранието нема да се распушти на 12 октомври, односно 60 дена пред предвремените парламентарни избори, но тоа е и најраниот рок за распуштање. Причината за одлагањето на распуштањето на Собранието и според ВМРО-ДПМНЕ и според СДСМ е поради неусвојувањето на предлог буџетот за 2017 година.

Во Собранието веќе е закажана и седница на 13 октомври в четврток при што на дневен ред се ставени низа предлог-закони. Од собраниските служби велат дека за да дојде на дневен ред распуштањето на Собранието потребно е политичките партии застапени во законодавниот дом или некој од пратениците да поднесат иницијатива, а Собранието ќе работи сè додека тоа не се случи.

Согласно законот, Собранието треба најрано да се распушти на 12 октомври односно 60 дена пред избори или најдоцна до 27 октомври, 45 дена до изборите за тие да се одржат на закажаниот датум 11 декември. Со тоа се дава можност и Собранието евентуално да расправа и за измените за законот за СЈО и за заштитени сведоци, кои пратениците не прифатија да бидат донесени по скратена постапка. 

За потсетување, во петок, во посета на Македонија доаѓа и еврокомесарот Јоханес Хан. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе