Сон ги одбра најголемите спортисти и ги изостави Болт, Ѓоковиќ, Коби...

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Сон Хјон-мин, одговори на прашањето кои според него се најголемите спортисти на сите времиња, а неговиот избор предизвика големо внимание, бидејќи изостави многу големи имиња.

Овој 31-годишен напаѓач од Јужна Кореја стави четири имиња на листата на најголеми спортисти во историјата, меѓу кои еден кошаркар, еден НФЛ играч и двајца фудбалери.

„Мајкл Џордан, Том Брејди, Лионел Меси и Кристијано Роналдо“, изјави Сон.

Интересно е што Сон не именуваше ниту еден атлетичар, а особено интригира тоа што освен што не го наведе Новак Ѓоковиќ, не му најде место ниту на најбрзиот човек на сите времиња - Усаин Болт. Ги нема ниту пливачот Мајкл Фелпс, боксерот Мухамед Али, голферот Тајгер Вудс, кошаркарот Коби Брајант, хокеарот Вејн Грецки, како и фудбалската легенда Пеле.

URL

Сон сега е капитен на Тотенхем, преземајќи ја лентата од заминатиот Хари Кејн. Досега сезонава постигна 5 гола на 7 натпревари, без асистенција.

Во клубот од Лондон е од 2015 година и досега има постигнато 150 голови со 80 асистенции. Претходно настапуваше за Баер Леверкузен и Хамбургер.

За репрезентацијата на Јужна Кореја има 113 натпревари и 37 голови

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе