Сон објасни зошто ги одбил понудите од Саудијците

Сон Хјон-мин (31) одби голем број понуди од Саудиска Арабија да остане во Тотенхем и да игра во Премиер лигата.

Летово доби неколку понуди од тамошните клубови, а Ал Итихад му ја претстави најдобрата. По Карим Бензема и Н’Голо Канте, овој клуб го сакаше и Сон, но Кореецот не се согласи. Тој објасни и зошто.

„Точно е дека парите се исто така важни, но пред сè сакам да играм фудбал. Отсекогаш сум сонувал да играм во Премиер лигата и имам уште многу да постигнам овде. Со нетрпение ја очекувам новата сезона. Имав многу проблеми во последната. Значи, ова не беше Сони што го знам, сакам да докажам оваа сезона дека сум Сони што сите го знаеме одамна“, рече Сон и додаде:

„Сакам да си го докажам тоа и сакам да му дадам нешто на клубот во кој припаѓам. Очигледно многу луѓе одат таму (Саудиска Арабија op.a) ова лето, што е навистина, навистина интересно, но за мене е сон да играм во Премиер лигата и со нетрпение ја очекувам оваа сезона“.

Сон дојде во Тотенхем од Баер во 2015 година и заедно со Хари Кејн со години е еден од клучните играчи на клубот. Минатата сезона постигна 14 гола, но самиот истакнува дека ова не е настап од кој може да биде задоволен.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе