Македонија

Сончево со умерена облачност и температура до 17 степени

27. ноември 2019 - 7:58 | МИА

Скопје, 27 ноември 2019 (МИ) – Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во некои котлини ќе има магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 8, а дневната 10 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со утринска магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Од четврток до сабота ќе дува умерен до засилен ветер и ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.

Коментирај