Сообраќајна незгода на три возила се случи денеска во 13:50 часот на крстосницата на бул. „Крсте Мисриков со бул. „Кузман Јосифовски Питу“. Причинета е материјална штета, а досега нема пријава за повредени лица, информираа за МИА од СВР Скопје.
Во сообраќајката учествувале возила Hyundai, Fiat и Volkswagen Passat, сите со скопски регистерски ознаки.
На терен е увидна екипа на СВР Скопје.