Состојба со COVID-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.675.006 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 101.483, а оздравеле 371.866 луѓе.

– Во Велика Британија во последните 24 часа починале 980 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи порасна на 8.958. Ова не е само најголем број на починати во еден ден во Британија, туку и повеќе смртни случаи отколку што имаше во најлошите денови во Италија (919) и во Шпанија (950).

– Во Италија во последните 24 часа починале 570 лица, помалку од вчера (610). Исто така и бројот на новозаразени е помал од вчера и изнесува 3.951 за разлика од 4.204. Вкупниот број на починати достигна речиси 19.000, а заразени се речиси 150.000 луѓе.

– Предвременото укинување на мерките за борба против новиот коронавирус може да доведе до повторна појава на пандемијата, предупреди СЗО.

– Португалскиот претседател Марселу Ребелу денеска соопшти дека планира вонредната состојба да ја продолжи до 1 мај. Во земјата има 15.472 заразени и починати 472 луѓе од COVID-19.

– Вкупниот број на заразени со коронавирусот во Турција достигна 47.029 лица, а 1.006 починале.

– Робот почнал да послужува пациенти со коронавирус во болница во Истанбул како мерка за заштита на медицинскиот персонал од епидемијата на COVID-19. Роботот носи храна, пијалаци и лекови на пациентите.

– Во изминатото деноноќие во Холандија се регистрирани нови 155 смртни случаи од COVID-19, со што вкупниот број на жртви надмина 2.500. Заразени се вкупно 23.097 луѓе.

– Во Ирска денеска е продолжена вонредната мерка за забрана за излегување до 5 мај со цел да се забави ширењето на епидемијата на коронавирусот.

– Во Јемен е потврден првиот случај на новиот коронавирус, соопштија денеска здравствените власти во земјата. Случајот е регистриран во источната провинција Хадрамут, а пациентот е во стабилна состојба.

– Продажбата на алкохолните пијалаци со САД се зголемила за 22 проценти во последната недела од март, во споредба со истиот период минатата година.

– Финската Влада ја прифати оставката на Томи Лунема, шеф на агенцијата за итни достави, поради купување на кинески заштитни маски во вредност од еден милион евра, кои се покажале како непогодни за употреба во болница.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе