Состојбата во Северно Косово стабилна по прекинот на блокадите и повлекувањето на специјалците

Косовската полиција информира утрово дека патиштата кои водат кон премините Јариње и Брњак на границата со Србија се отворени за сообраќај и состојбата се нормализира по речиси двонеделната блокада од страна на косовските Срби, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на полицијата се наведува дека безбедносната состојба во тој дел на земјата е добра, додека „полициските патроли, вклучително и пограничните, продолжуваат да ги извршуваат своите законски задачи и обврски“.

По постигатиот договор на претствниците на Косово и Србија со посредство на Европската Унија, вчера беа прекинати блокадите на патиштата, а специјалните единици на косовската полиција се повлекоа од граничните премини Јариње и Брњак. Контролата на овие премини ја презедоа единиците на меѓународната воена мисија во Косово, КФОР, кои ќе останат во регионот во наредните две недели.

Кризата во односите меѓу Приштина и Белград настана откако косовската влада на 20 септември почна да ја спроведува одлуката за задолжително опремување со времени регистарски таблички на возилата кои влегуваат од Србија преку косовските гранични премини. Со ова Приштина воведе реципроцитет кон истите мерки кои Белград од пред десетина години ги спроведува за возилата кои влегуваат од Косово во Србија.

Граѓаните од српска националност во Северно Косово се спротивставија на таа мерка и во знак на протест ги блокираа граничните премини Јариње и Брњак меѓу двете земји. Косовските власти упатија специјални полициски единици за обезбедување на граничните премини, а Србија одговори со испраќање оклопни возила и со надлетување со воени летала на пограничната област.

Во петокот во Брисел беше постигнат договор меѓу двете држави за решавање на прашањето со регистарските таблички, на тој начин што на нив ќе се ставаат стикери врз ознаките „РС“ (Република Србија) и „РКС“ (Република Косово) при влез од едната држава во другата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе