Советниците на Макрон одвај чекаат претседателот да стане вдовец

Нова книга базирана на извори од најтесните кругови на францускиот претседател Емануел Макрон открива експлозивни детали за Макрон и неговата сопруга Брижит Троње, како и за нејзината улога во Елисејската палата.

Во книгата насловена „Madame La Presidente“, новинарите на Le Parisien Ава Џамшиди и Натали Шук пишуваат за едно бизарно сценарио кое најблиските советници на Макрон сонуваат да се реализира: Брижит да умре, за да може претседателот да ја игра улогата на „ужален вдовец“.

„Сонуваат таа да умре. За нив е идеален тој имиџ на ужален вдовец. Го обожаваат. Ноќе сонуваат Брижит да исчезне“, пишува во книгата, според извор близок до претседателската двојка кој исто така тврди дека на Макрон би му било подобро без неа.

Двете новинарки алудираат на Исмаел Емелиен, коосновачот на партијата на Макрон Ен марш! и неговиот директор на изборната кампања Стефан Сежурне, кои му беа политички советници на Макрон до 2018 година и се меѓу оние кои ја презираат првата дама на Франција.

Авторките на книгата тврдат дека 65-годишната Брижит има огромно влијание врз нејзиниот сопруг кој е 24 години помлад од неа и дека учествувала во изборот на министри за неговиот кабинет.

Џамшиди и Шук ја претставуваат Брижит како „новата Марија Антоанета“, алудирајќи на прилогот во весникот Le Monde во кој таа зборува за реновирањето на Елисејската палата вредно 600.000 евра, само три дена пред да избијат протестите на Жолтите елеци поради предвидените зголемувања на данокот за дизел горива.

Елисејската палата и Макрон не ја коментираа содржината на книгата.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе