Современи електронски звуци од странски и домашни изведувачи на Telekom Electronic Beats Picnic

Telekom Electronic Beats Picnic - големата журка под отворено небо, што ќе се случи во градскиот парк на 21 септември, нуди целодневна забава со модерни електронски звуци од странски и голем број домашни изведувачи во комбинација со изложби на ликовни артисти и дизајнери.

Сетот на францускиот диџеј Лудовик Лорка (попознат по сценските имиња Llorca и Art of Tones) почнува на зајдисонце, во 18:00 часот. Тој е еден од носителите на современиот таканаречен „nu jazz“ звук, кој претставува комбинација на електронска музика со игриви и динамични џез, фанк и соул семплови. Во изминатите 20 години Llorca си играше со звуците, креираше уникатни парчиња музика и спојуваше различни жанрови, а од 2005 почна да издава музика под псевдонимот Art of Tones, за кој тој самиот вели дека треба да ја прикажува „посветлата страна од музиката“.

За вечерта, во 22:00 часот е закажан сетот на американскиот диџеј Edward McKeithen, попознат кај нашата публика како Jus Ed, кој ќе нѐ воведе во неделата, односно последниот ден од летото. Неговата кариера се протега низ цели четири децении и во светот на електронската музика Jus Ed е име познато како „чувар на андерграундот“, поради неговото настојување да поддржува нови, непознати артисти кои се исфрлени од музичката индустрија. Како едно од најважните имиња во светот на хаус и електронската музика, гостувањето на Jus Ed пред скопската публика ќе биде проследено со големо внимание, посебно поради фактот што тој за првпат доаѓа во Македонија.

Секако, настанот не може да помине без диџеите од домашната електронска сцена. На сцената во Градскиот парк ќе настапат Алек Солтиров, Андреј Мицајков, Еми Ермилова, Бодан Јамакоски, Виктор Апостолски, Зоки Бејбе, Mileskaya, Mosaik Kollektif, Роботек, Скопски Грув DJs и Чваре. Некои од имињата се добро познати кај публиката, а некои од нив се нови, интересни диџеи чие време допрва доаѓа.Telekom Electronic Beats постојано застанува во поддршка на локалните артисти со цел да го сврти вниманието кон нив и да ја поттикне и прошири домашната електронска музичка сцена.

Сите оние кои не можат да присуствуваат на настанот ќе имаат можност да проследат неколку од музичките сетови преку стрим во живо на Facebook страната на Telekom Electronic Beats, што е уште еден доказ дека светот станува подобро место кога технологијата работи во корист на сите, односно кога ја употребуваме за нешто добро.

*Промотивен текст.

реклама

La Casa de Papel добива петта и шеста сезона

Read more

Американски и грчки воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на РСМ во НАТО

Read more

Нови 52 случаи на COVID-19, се очекува прес-конференција на Филипче

Read more

Бегство од Дубаи: Каде се исчезнатите принцези?

Read more

Живот

Принц Вилијам: Здравствените работници не треба да ги нарекуваме „херои“

Read more

Патување во пандемија: Кои земји бараат негативен тест и карантин, а кои не?

Read more

Хороскопски знаци кои важат за најголеми одмаздници

Read more

Грција се надева на „глампинг“ – тренд што ќе го спаси туризмот

Read more

Магазин

Принц Вилијам: Здравствените работници не треба да ги нарекуваме „херои“

Читај повеќе

Пет работи кои треба да ги знаете доколку сте вљубени во Водолија

Читај повеќе

Келимуту – свето место со три езера кои менуваат боја

Читај повеќе

Домашен сок од јагоди

Читај повеќе
  • play_arrow

Брз киш со готово лиснато тесто

Читај повеќе

Патување во пандемија: Кои земји бараат негативен тест и карантин, а кои не?

Читај повеќе
  • play_arrow

Тренинг за мажи: 9 вежби за цврст и подигнат задник

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа процесот на создавање вакцина за COVID-19?

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои важат за најголеми одмаздници

Читај повеќе