SpaceX повеќе не може да го финансира Starlink во Украина

Компанијата SpaceX на милијардерот Илон Маск неодамна го информира Пентагон дека не може повеќе да го финансира сателитскиот интернет сервис Starlink во Украина, пренесе CNN.

Извештаи од фронтот во источна Украина укажуваат дека Starlink на многу места не работи, што ги отежнува акциите на украинската војска во ослободување на териториите окупирани од Русите. 

Во писмото се бара таму каде што Starlink е во служба на украинската Влада и армија финансирањето да го преземе Пентагон, што, според SpaceX би чинело повеќе од 120 милиони долари до крајот на 2022 година и приближно 400 милиони долари за наредните 12 месеци. 

-Не сме повеќе во состојба и натаму да донираме терминали за Украина, или да ги финансираме постоечките терминали во недогледно време, напишал во писмото директор за владини закупи на SpaceX. 

Во други документи испратени до Пентагон е и барањето на генералот на украинската армија Валериј Залужниј директно испратено до Маск во јули за речиси 8.000 нови Starlink терминали. Од почетокот на војната, компанијата во Украина донирала околу 20.000 сателитски терминали за интернет.  

Во писмото до Маск, генералот Залужниј ги пофалил Starlink како „извонреден сервис“ укажувајќи дека околу 4.000 терминали биле дадени на армијата. Сепак, околу 500 терминали месечно биле уништувани во борбите. Залужниј затоа побарал нови 6.200 терминали за украинската армија и разузнавачите служби и плус 500 месечно, како резерва за уништените. 

На ова од SpaceX подоцна одговориле наместо кај нив, генералот да се обрати кај Министерството за одбрана на САД. 

Подоцна, Маск на Twitter објави свои идеи за разрешување на воениот конфликт меѓу Русија и Украина, кои според мноумина всушност се слични на барањата на Путин до Киев за Украина да ги отстапи источните територии и Крим и да остане неутрален. Имаше и извештаи дека пред да ги објави идеите тој разговарал со рускиот лидер, но Маск веднаш го демантираше тоа. 

CNN дознава дека по критиките од многу страни и поединци, Маск во приватен разговор изјавил дека  тој „уште ја поддржува Украина“, но се плаши од „огромна ескалација“.  

Во разговорот тој, исто така, спорел зошто Украина не сака мировни преговори сега и дека ако тие би оделе со неговиот план „Русија би ги прифатила условите“. 

-Украина знае дека нејзините тековни владини и воени напори се целосно зависни од Starlink. Одлуката дали Starlink ќе работи или не зависи главно од еден човек. Тоа е Илон Маск. Тој не е избран, никој не одлучил да му ја даде таа власт. Тој ја има поради изградените технологија и компанија, изјави извор кој учествувал во разговорите. 

Од Пентагон јавуваат дека барањето на SpaceX финансирањето да го покрие владата е неосновано, бидејќи околу 85 отсто од 20.000 терминали биле платени или делумно платени од земји како САД или Полска. Овие ентитети исто така платиле околу 30 отсто од интернет конекцијата, која според SpaceX  чини 4.500 долари месечно за терминал со најнапредни перформанси. 

Извор од Пентагон за CNN истакнал дека обраќањето на SpaceX е во полза на негување позитивен имиџ на компанијата во јавноста, „тие да изгледаат како херои, додека другите плаќаат високи сметки, и сега добиваме фактури од десетици милиони долари“. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе