Спасовски: Ден за историјата, од денеска ние сме НАТО

Денеска го остваруваме најголемиот успех на нашата земја од нејзината независност до денес. Знамето на Република Северна Македонија денеска гордо се развиори во кругот на знамињата на семејството сојузници на НАТО. Патот беше долг, но наградата што пристигна денеска со погледот на знамето на нашата земја во седиштето на НАТО во Брисел ја заслуживме. Бидете горди почитувани мои сограѓани.

Ова го изјави пртемиерот Оливер Спасовски во обраќањето по повод кревањето на знамето на Северна Македонија попладнево пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса, а која ја следеше преку видео.

– Знамето на Република Северна Македонија е симбол на сигурна, безбедна и просперитетна иднина на нашата земја. Навистина ние денеска водиме една друга битка, битка со короната. Но, за момент ќе си дозволиме да се израдуваме, да се запише дека денеска е ден за паметење, ден за историја. Ден кога нашето знаме се развиори заедно и рамноправно со другите од семејството на Северноатлатнската алијанса, најмоќниот военобезбедносен сојуз со историјата на човештвото, рече Спасовски.

Тој нагласи дека многу бргу по независноста на нашата земја тргнавме во остварување на оваа наша стратешка цел, се соочувавме и ги совладувавме сите предизвици, а во последните три години ги направивме клучните реформи, ги донесовме историските одлуки што го помрднаа силно нашиот евроатлантски процес кој беше сериозно загрозен.

– Со големите одлуки станавме подобра држава и подобро општество и наградата стигна заслужено. Бидете уверени дека ќе ја совладаме битката со коронавирусот и ќе го продолжиме нашиот пат на кој си поставивме остварување на другата стратешка цел – успешна завршница на процесот на преговори и членство во ЕУ. Ќе продолжиме да работиме на успешно спроведување на процесите за уште подобро општество и за уште подобра државна заедница на сите наши граѓани. Држава која ќе остане искрен и добар сосед со сите земји во нашиот регион, држава која што ќе ги зајакне своите капацитети и која ќе биде партнер на сите наши НАТО сојузници во глобалните предизвици за чување на мирот. Сојузник од кој ќе може сите останати партнери во НАТО да очекуваат поддршка и сојузник кој секогаш ќе може да смета на сите останати земји членки, подвлече Спасовски.

Тој укажа и на сите оние од земјавата и на сојузните од странство кои се вградија во успехот што го одбележуваме денеска.

– Наша должност денеска е да им оддадеме признание на сите оние кои искрено и чесно се вградија во нашиот евроатлантски процес. На сите ним им упатувам изрази на искрена почит и благодарност. Ова посебно се однесува на претходниот претседател на Владата Зоран Заев за неговото неуморно залагање и храбри одлуки. Овој ден немаше да се оствари и без поддршката на нашите сојузници – САД, земјите членки на НАТО и нашите соседи. Среќни сме што денеска сме заедно со нив, поврзани со солидарноста и единството. Заедно сме посилни и од денеска ние сме НАТО, порача премиерот Спасовски.

На свечената церемонија по повод кревањето на нашето знаме во седиштето на НАТО во Брисел, се обратија генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.и в.д. шефот на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при НАТО, Зоран Тодоров.

Формалната постапка за членството во НАТО официјално се затвори на 27 март по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот на САД во Вашингтон, откако претходно сојузниците во НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување во Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на земјава во Алијансата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе