Спасовски: Груевски не му побегна на МВР, секојдневно добивам закани по мојот живот

Скопје, 25 декември 2018 (МИА) – Никола Груевски не му побегна на МВР. Тоа е фактичка состојба. Јас не говорам за префрлување на топка, туку за овој случај да видиме каде ни е поразен тој систем, за да може понатаму преку законски механизми, да не ни се случуваат вакви настани, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во емисијата „Лица“ на 1ТВ.

Тој истакна дека деталите ќе бидат споделени со јавноста кога истрагата ќе биде целосно завршена, но и дека вината не ја лоцира во МВР.

„Има многу прашања кои можам јас лично да ги поставам, но сакам да заврши до крај истрагата и Јавното обвинителство да излезе и да каже зошто тоа се случи“, рече Спасовски.

Тој посочи дека секојдневно добива закани по живот, но и закани за неговото семејство и неговите соработници.

„Ние поминавме тежок период, не само како семејство и како структура која влезе во МВР во период на ВМРО-ДПМНЕ на власт и во исто време да направиме се, да ги земеме сите материјали за да помогнеме на СЈО и да обезбедиме докази. Тука работевме сите заедно. Сите закани кои ни беа упатени, ни беа поголем мотив да истраеме во нашата битка“, вели првиот човек на МВР.

Според Спасовски не е аргументиран предлогот за негова интерпелација, односно дека се работи за паушални кажувања.

„За мене нормална демократска постапка која може да биде покрената е интерпелацијата, јас ја доживувам како можност да поразговараме со пратениците. Имаме право на одговор, кој ќе го доставиме до пратениците на Собранието, јас сум присутен речиси на сите пратенички прашања со целосен респект кон Собранието. Факт е дека малку прашања ми поставиле. Сепак ова е една од алатките во демократијата и јас сум подготвен да одговорам на сите прашања. Тоа што денес го слушнав беа паушални кажувања, да се каже нешто како причина за поднесување на интерпелацијата“, вели министерот за внатрешни работи  во емисијата „Лица“  на 1ТВ.

Спасовски вели дека кај него не постоела амбиција да биде министер за внатрешни работи.

„Не постоела таа амбиција. Никогаш до сега не сум правел сметка што ќе бидам наредниот период, туку тоа што сум во одреден момент. Работев во општината со сиот мој капацитет и елан. И политичките и работни кариери се постигнуваат само со работа. Ако доаѓате наменски тоа трае кратко, посебно во политиката, работењето и создавањето на врските и другарството, тоа е најголемото богатство“, кажа Спасовски.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе