Спасовски: Ирелевантно е каде се сместени лицата во државен карантин

Ирелвантно е каде се сместни лицата во државен каранитн, важно е дека мора да останат и да се изолираат 14 дена и на тој начин да го намалиме ризикот од ширење на коронавирусот. Во овој момент нема поважна работа од тоа дека треба да ги заштитиме нашите семејства и нашите граѓани, не може да биде поважно какви се собите и какви се условите во кои се спроведува државниот карантин иако секаде има добри усови, со добра храна и со добра организација, порача денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Најважно е секој од нас да помисли што треба да направи најмалку за себе и за државата во овие моменти на вонредна состојба. Овие луѓе се дојдени од критичните подрачја, но не се луѓе кои се заболени, туку треба да бидат контролирани во самоизолација со цел да спречиме евентуално понатамошно ширење на вирусот. Треба да го имаат истото разбирање кога се наоѓаат во државен карантин како што беа во моментите кога сакаа или бараа од Владата да се вратат назад во нашата земја. Направивме сè и понатаму ќе правиме сè за сите наши граѓани, но најмалку што треба да прават тие е да бидат коректни и да бидат на ниво на одговорноста во оваа ситуација. Сега е вонредна состојба и сите имаме одговорност пред нас, пред граѓаните и државата, рече Спасовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој ги повика лицата кои се во државен карантин да не шират дезинформации.

– Основниот пакет во државниот карантин како сместувањето, трите оброка и водата го имаат сите кои се наоѓаат во државен карантин. Ако некој сака дополнителни услуги во хотелот да земе плус од она што е определено од државата тоа е нешто што се наплаќа. Мислам дека тука настануваат најголемите забуни, потенцира Спасовски.

Премиерот посочи дека секаде се обезбедува лекарска контрола и грижа врз основа на проценките кои ги прават лекарите и врз онсова на состојбата која ја имаме на терен.

– Колку повеќе недисцилина во спроведувањето на мерките, толку повеќе новозаболени и толку повеќе се отвораат услови за уште порестриктивни мерки. Затоа е многу важно сите во државата да помогнеме што е можно пократко да трае кризата и да имаме што е можно помал удар врз економијата. Сите да направиме се за да си помогнеме себе си и да и помогнеме на економијата. Владата ќе направи сè како што прави и досега за да се заштитиме како граѓани и да и помогнеме на економијата, нагласи премиерот.

Спасовски прецизира дека досега има десетина лица кои не ја почитуваа мерката за самоизолација заради што беа  сместени во државен карантин. 

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе