Спасовски од Куманово: Излезете на гласање безбедно е, изберете сигурност

Носителот на листата од ИЕ 2 од коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски, денеска од пред спортскиот комплекс „Соколана“ од Куманово, апелираше до граѓаните да излезат на гласање, бидејќи е безбедно.

Тој рече дека сите се пред одговорност да се сочува сè што е осигурано во изминатите три години и дека треба да се продолжи по правиот пат.

Во изјавата за медиумите, Спасовски истакна дека се обезбедени сигурни плати и пензии, перспективи за младите, сигурни евроатлански интеграции, додавајќи дека правиот пат значи сигурност.

Спасовски додава дека следуваат специфични времиња во коишто ќе треба да се продолжи со грижата за здравјето, бидејќи, како што нагласи, денес ја водат одговорни луѓе, следуваат и специфични времиња во економијата за која, додаде, исто така се потребни одговорни луѓе кои покажале што значи заштита на сечија инвестиција, бизнис и сечиј кров на главата.

Носителот на листата истакна дека можат и повеќе и подобро во периодот што претстои.

-Со СДСМ сте на сигурно и ве повикувам, излезете на гласање и гласајте за бројот 3 – СДСМ и коалицијата „Можеме“. На другата страна е режимот што чека шанса да се обнови. Зарем ќе му дадеме шанса повторно да помисли дека може да се врати. На таа страна, во тој мрак се луѓе избркани од работа затоа што не работеле под партиски директиви. Се уценети бизниси и изолирана држава и блокирани перспективи за соединување со современиот свет. На таа страна се криминали, закани по живот, на таа страна се лаги и конструкции. На таа страна е ужас. ВМРО-ДПМНЕ е голема опасност за јавното здравје, за обнова на сиромаштијата и обнова на мракот и за обнова на режимот. Не смееме да го дозволиме тоа. Ниедна битка не е лесна, не е ни оваа. Ќе се бориме во која што се бориме да продолжат перспективите, рече Спасовски.

Тој се осврна на постигнатото членство во НАТО, посочувајќи дека сме на чекор со преговорите со ЕУ, со сочуван идентитет, како што рече, грижата е еднаква за сите.

Спасовски истакна дека покрај зголемени плати, пензии, зголемена е и социјална помош, а поддршка имаат и младите.

Со новата развојна економија, додава, ќе се затворат сите прашања што го блокираа развојот и обезбедуваат сигурна иднина.

– Сакате ли сигурна иднина, отфрлете ја опасноста. Излезете на гласање. Сите здравствени протоколи за безбедно гласање се донесени. Изберете 3, изберете СДСМ и сигурност. Опасностите да ги оставиме во темните страници на историјата на коишто ќе бие испишано како заедно сме ставиле крај на остатоците од режимскиот систем за никогаш да не се повтори. Да се разбудиме на 16 јули спокојни дека сме го направиле потребното и сме ја осигурале и сегашноста и сигурната иднина на нашите деца, рече Спасовски.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе