Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

МВР презема интензивни мерки во однос на говорот на омраза и тоа е ставено високо на агендата, посебно делот на спроведувањето на Стратегијата за сајбер безбедност и голем дел од граѓаните и препознаваат и пријавуваат, посебно ранливите категории на граѓани, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање на Маја Морачанин од ДОМ, со посебен фокус на говорот на омраз искажан кон лица од ЛГБТ заедницата.

Спасовски рече дека во периодот јануари-мај оваа година за делата ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем има 8 кривични дела и 8 сторители, додека во истиот период во 2021 за говор на омраза имало 14 кривични дела и 13 сторители.

– Имаме едно кривично дело загрозување на сигурноста по електронски пат, едно кривично дело и еден сторител, додека во 2021 имало две вакви кривични дела. Предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на верска, национална, расна и друга дискриминаторкска основа лани сме имале едно кривично дело и еден сторител додека оваа година немаме, рече Спасовски.

Министерот вели дека мора да се признае дека за припадниците на ЛГБТ заедницата има малку повеќе говор на омраза и закани кон нив, а регистрирано е дури и едно кривично дело лихварство, за што станало збор на средба на која биле Спасовски и Морачанин.

Од јануари 2020 година до мај 2022 на подрачјето на СВР Скопје и во СВР Тетово регистрирани се 8 настани поврзани со ЛГБТ заедницата, четири од овие настани се целосно расчистени.

– Поднесени се три кривични пријави и едно известување до ОЈО, рече Спасовски додавајќи дека во овие настани се пријавени 5 лица, од кои две за насилство, а едно за уцена и едно за лихварство.

Министерот исто така додаде дека има регистрирано еден настан за загрозување на сигурноста во Тетово и случајот е расчистен.

– Има постапување по уште четири случаи за кои се прибираат дополнителни докази. Ова е фактичката состојба во однос на постапувањето. Сите заедно мора да придонесеме да ја сузбиеме оваа состојба, пред сѐ во делот на јавноста и јавната свест, додавајќи дека тоа говорот на омраза е најчест на социјалните медиуми.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе