Спасовски: Се утврдува како избегал Груевски и кој му помагал

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека Внатрешната контрола на МВР и Обвинителството работата на утврдување на начинот на кој поранешниот премиер Никола Груевски избега од Македонија во Унгарија.

Груевски на 20-ти месецов на својот Facebook профил потврди дека добил политички азил од Унгарија.

„Судот и обвинителството се претворија во инструмент за политичка уцена и пресмета со политичките неистомисленици, како и покривање на неработењето на владата. Последните одмазнички притвори на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои очигледно се притворени само за владата да ја ублажи критиката по моето заминување од земјата и барање политички азил заради политички прогон, со лажни, фабрикувани и непостоечки докази само ја потврдуваат атмосферата во која денес живее Република Македонија“, пишува Груевски во статусот на Facebook.

Министерството за правда истиот ден соопшти дека го испратило барањето за екстрадиција на Груевски до Министерството за правда на Унгарија.

Европската Комисија одби да одговори на прашања за можната екстрадиција на експремиерот.

„Одлуките за екстрадиција се надлежност на властите на земјите членки, ова значи дека кога барање за екстрадиција се испраќа до земја членка, тоа е индивидуален случај кој се третира од страна на назначената надлежна власт. Европската Комисија нема никаква надлежност да интервенира и затоа нема да ги коментира овие случаи“, изјави Кристијан Виганд, портпарол на Европската Комисија.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе