Спречете пролетна анемија: Четири намирници за одлична крвна слика

Симптомите како пролетен умор, главоболка, повремено замаглување на видот, кршливи нокти и коса, па дури и тахикардија, не се само симптоми на адаптирање на организмот на температурните промени во пролет, туку често се и знак на анемија.

Голем процент од луѓето имаат слабокрвност, а најчесто овие симптоми се изразени на пролет како последица на недостиг на железо во организмот поради тешко адаптирање на временските проблеми.

Овие четири намирници треба да ги внесувате на пролет, доколку сакате да имате одлична крвна слика:

Аронија

Богата е со јод, железо, фосфор, калциум и други хранливи елементи, минерали, антиоксиданси и хранливи состојки. Аронијата е чувар на крвта, телото и физичкиот изглед, се употребува од 19 век. Со внесување 50 г аронија дневно се снабдува телото со скоро 50% од потребната количина железо.

Цвекло

Корисно е за оние кои страдаат од анемија поради недостиг на железо. Содржи и влакна, калциум, витамини. Цвеклото помага телото да се прочисти, како и да внесете повеќе кислород во организмот.

Калинка

Има бројни здравствени придобивки од калинките, содржат високо ниво на витамин Ц, а тоа ја зголемува апсорпцијата на железо во крвта.

Спанаќ

Исхраната богата со зелен лиснат зеленчук како спанаќот е многу добра за крвната слика. Спанаќот е богат со железо, како и витамин Б12 и фолна киселина.

реклама

Здравје

Може ли какаото да ви го подобри расположението? 

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога прескокнувате оброк?

Read more

Колку кафиња дневно прават штета на бубрезите?

Read more

Мислите климата ве разболува? Неврофизиолог открива дали ова е мит или реална опасност

Read more

Магазин

  • play_arrow

Шпагети ала путанеска - готови за помалку од половина час

Читај повеќе

Може ли какаото да ви го подобри расположението? 

Читај повеќе

Каде ќе пливате во најчисто море во Европа?

Читај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога прескокнувате оброк?

Читај повеќе

Кои знаци од кинескиот хороскоп ги очекува животен џекпот од 19 август?

Читај повеќе

Французин копал дупка за базен и нашол злато вредно 800.000 евра

Читај повеќе

Колку кафиња дневно прават штета на бубрезите?

Читај повеќе

Кога протеините може да предизвикаат подуеност?

Читај повеќе

Трик за сечкање лук: Додадете малку од една состојка и сечкањето ќе биде многу полесно

Читај повеќе