Србите ја менуваат политиката: Милион динари казна за пушење во кафеана?

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ се залага да се воведат казни за пушење во угостителски објекти до еден милион динари.

Министерката за здравство, д-р Даница Грујичиќ, е на став дека казните за прекршување на забраната за пушење во кафулиња и ресторани, што е закон што чека усвојување, треба да изнесуваат и до еден милион динари.

„Утре би вовела целосна забрана за пушење во затворени простории. Законот е завршен, сега оди во законодавниот дом да се усогласи со другите закони и да се види дали треба да се сменат некои членови“, изјави министерката Грујичиќ, во одговор на прашање на новинарка на N1 за иницијативите за забрана на пушењето во угостителските објекти.

„Важна е казнената политика, која мора добро да се спроведе, односно инспекциите мора да одат во контрола. Затоа што ако на некому му дадете казна од 5.000 динари во полна кафеана каде секаде е зачадено, тогаш ништо нема да направиме. Но ако треба да плати казна од милиони динари, тогаш мислам дека ќе биде добро осмислено“, нагласи министерот за здравство.

Грујучиќ истакна дека забраната за пушење во сите затворени простори не зависи само од неа, објаснувајќи дека секој закон го разгледуваат сите министерства и дека „некогаш некој има некаков приговор, а понекогаш не“.

„Мислам дека како држава и како народ навистина не треба да се резилиме со пушењето во затворени простории бидејќи, побогу, тоа сега е некое големо задоволство од кое не можеме да се откажеме. Нема проблеми, има ќебиња, греалка, а бавчите во лето се отворени секаде, па нека пушат колку сакаат. Да не зборуваме дека треба да се размислува за ракот на белите дробови кој е во пораст во Србија, бидејќи докажано е дека 95 проценти од оние кои боледуваат од овој тумор се пушачи или оние кои биле пушачи долги години“, заклучи Грујичиќ.

Тагови
реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Регион

Црна Гора со Рики Мартин и Дино Мерлин ќе прослави 20 години независност

Read more

Мерц предлага: Западен Балкан како набљудувач во ЕУ, Украина како придружна членка без право на глас

Read more

Албанските студенти најавија протест во Тирана за поддршка на студентите од Македонија

Read more

Невиден скандал ја тресе Србија, Вучиќ дава бизарни изјави

Read more
 

Вести

Црна Гора со Рики Мартин и Дино Мерлин ќе прослави 20 години независност

Читај повеќе

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени

Читај повеќе

Мерц предлага: Западен Балкан како набљудувач во ЕУ, Украина како придружна членка без право на глас

Читај повеќе

Албанските студенти најавија протест во Тирана за поддршка на студентите од Македонија

Читај повеќе

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: Затворени училиштата

Читај повеќе

Трамп: САД ја ослободуваат Куба, нема да има ескалација

Читај повеќе

Дрвјата ублажуваат речиси половина од урбаното затоплување, но не таму каде што е најпотребно

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Читај повеќе

Украина уништи руски центар за беспилотни летала во Донецк

Читај повеќе