ССМ повикува и поведува на штрајк во јавниот сектор на 22 јуни

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повикува и поведува на штрајк со цел заштита на економските и социјалните права на своите членови и на вработените во јавен сектор од работниот однос. Како што соопштија од ССМ, штрајкот е најавен за 22 јуни, а рокот за исполнувања на нивните барања е до 21 јуни оваа година.

Од ССМ соопштија дека штрајкот се организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на следните барања од работен однос – склучување на Општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ, согласно зголемувањето на минималната плата објавена во службен весник од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100% од основицата.

Како што посочуваат од ССМ, одлуката за повикување и поведување на штрајк заедно со писмена најава за штрајк е доставена до Владата, Собранието и градоначалниците во насока на писмено најавување на штрајкот согласно Законот за работните односи.

Согласно Одлуката, како што посочуваат, во штрајк стапуваат вработените во јавниот сектор, на 22 јуни, а штрајкувачите ќе штрајкуваат на своите работни места. Не се исклучува можноста штрајкот да се одвива и преку изразување на разни форми на работничкото незадоволство и синдикален притисок.

– Потсетуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија уште на 29 јуни година до Владата и претседателот на Влада достави предлог општ колективен договор за јавниот сектор, а од страна на Владата, КПВРСМ бевме информирани дека во насока на реализација на нашите заложби, дописот со предлогот е доставен на натамошно надлежно постапување до МТСП. Иако се одржаа неколку состаноци по однос на предлогот на ССМ за нов Општ колективен договор за јавниот до склучување не дојде, посочија од ССМ.

ССМ смета дека доколку се изгласа ребалансот на буџетот без да се предвидат средства за зголемување на платите во јавниот сектор во тој случај нема да може да се постапи согласно закон и ќе нема средства за усогласување на платите на вработени во јавниот сектор ниту од 1 јули како што е барањето на ССМ, ниту во Законскиот рок за усогласување на платите.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе