ССМ се закани: Ако Арсовска не го разреши директорот на „Водовод“, Скопје ќе остане без вода

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) побара од градоначалничката Данела Арсовска веднаш да го разреши в. д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Марјан Митовски, бидејќи ги малтретирал вработените.

Од Синдикатот на прес-конференција изјавија дека тој, освен што брка работници од работа, исто така се изживува врз нив и ги деградира.

Затоа се заканија доколку Митовски не биде сменет Скопје ќе остане без вода, како што вчера остана без јавен превоз.

„Митовски не може да се изживува врз вработените, да им дава да извршуваат плус работни задачи кои не им се во договорот. Не може хидроинженери да ги праќа да бидат чувари, на оние што не му се допаѓаат да не им дава да работат. Ова што го збориме го утврди и Државниот управен инспекторат и Трудовиот инспекторат. Затоа, ги повикуваме градоначалничката Данела Арсовска и Советот на Град Скопје да го разрешат Митовски. Немојте да дозволите да се доведете во ситуација како вчера кога немавте градски превоз да немате вода за пиење“, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски, пишува порталот СДК.

Синдикатите најавија блокади и штрајкови ако градоначалничката Арсовска не го разреши директорот на ЈП Водовод и канализација.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе