Стабилизација на епидемијата со COVID-19 во земјата, преполовен бројот на хоспитализирани

Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти вчера Министерството за здравство.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари, процентот на позитивни од тестирани изнесува 16 отсто, што споредено со средината на декември (извештај на ИЈЗ за периодот од 14 до 20 декември 2020 г.) е намалување од 13,3 отсто, кога процентот изнесувал 29,3 отсто.

Во истиот извештај од декември бројот на новодијагностицирани случаи со COVID-19 во една недела изнесувал 4.585, а во извештајот на ИЈЗ за минатата недела таа бројка изнесува 2.397, што покажува намалување од 48 отсто. За истиот период бројот на смртни случаи на неделно ниво е речиси преполовен, а значително е зголемен бројот на оздравени пациенти.

И вчерашната ковид-статистика покажа тренд на стабилизирање на епидемијата. Од направени 1.906 тестирања во претходното деноноќие, беа регистрирани 356 нови случаи на коронавирусот, како оздравени беа забележани 587 пациенти, додека починати 15 лица. Меѓу починатите е и 36-годишно лице од Тетово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.817, бројката на оздравени пациенти е 75.387, на починати е 2.754, а бројот на активни случаи изнесува 11.676. Од активните случаи, во Скопје се 6.767, Куманово – 429, Тетово – 463, Охрид – 387, Струмица – 360, Кавадарци – 365,  Гостивар – 308, Велес – 307. Во другите градови има помалку од 300.

Еден од клучните индикатори за смирување на епидемијата е и бројот на хоспитализации на инфективните оддели во главниот град и болниците низ земјата. На инфективните оддели во земјава вкупно се лекуваат 610 пациенти со COVID-19, има околу 603 празни болнички кревети. На 22 декември 2020 година во болниците низ земјава вкупно се лекуваале 1145 пациенти.

Вчера, во ковид-центрите во болниците низ земјава беа хоспитализирани вкупно 330 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во Скопје 280 лица.

По значителното намалување на бројот на хоспитализации, затворени се ковид-центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло, а клиниките се враќаат на својата редовна работа, посочуваат од Министерството за здравство и порачуваат граѓаните да останат одговорни и да продолжат доследно и целосно да се придржуваат до мерките за заштита од COVID-19 и превенција од натамошно ширење на вирусот.

Од Министерството за здравство велат дека се целосно подготвени за процесот на вакцинација, а први ќе се вакцинираат здравствените работници.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека првите вакцини од Pfizer и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз.

– Не постои законска пречка за прием на вакцините против COVID-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината Pfizer која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја, ќе бидат со интервентен увоз. Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на Pfizer кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво кое е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на Pfizer и тоа на некој начин им ги забрза работите.

– Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законската регулатива, производителот Pfizer, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација, вели Филипче, додавајќи дека во моментов се чека одобрување од компанијата Pfizer за интервентен увоз, за вакцините од Република Србија. – Тоа значи дека компанијата Pfizer води сметка за буквално сите количини кои ги дистрибуира во земјите, дали и на кој начин евентуално се препраќаат во некои други земји, додава министерот.

Што се однесува до вакцините кои во земјава треба да стигнат преку Ковакс механизмот, министерот посочува дека на 29 јануари ќе има состанок со претставниците од тој систем кога се очекува да добие информации кога и во кои количини вакцини ќе стигнат во нашата земја.

Во соседна Грција вчера стигна информацијата дека се вакцинирани над еден отсто од населението. Од почетокот на вакцинацијата во Грција, односно од 27 декември 2020 година, заклучно со вчера попладне, беа вакцинирани 123.007 лица, со што имунизациската покриеност во земјата достигна до 1,13 отсто.

Земјите-членки на ЕУ вчера се договорија за зајакнување на употребата на брзи антигени тестови и за меѓусебно признавање на резултатите од тестовите за COVID-19, соопшти Советот на ЕУ.

Бројот на излекувани лица од коронавирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 70 милиони.

Од коронавирусот досега се заразени околу 97,5 милиони луѓе. Моментно во светот има 25,4 милиони активни случаи, од кои 99,6 отсто се полесно заболени, а 0,4 проценти потешко. Од COVID-19 починале над два милиони.

Најмногу потврдени случаи има во САД – повеќе од 25 милиони, во Индија – над 10,6 милиони, во Бразил – повеќе од 8,6 милиони, во Русија – над 3,6 милиони и во Велика Британија – повеќе од 3,5 милиони лица.

Најголем број смртни случаи во светот се регистрирани во САД – повеќе од 400.000, потоа во Бразил над 200.000, во Индија повеќе од 150.000 и во Мексико над 140.000. 

реклама

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе