Одлучна, упорна, стабилна, тврдоглава, толерантна, одговорна, способна, силна, чувствителна, заводничка, фокусирана – сето ова ја опишува жената Бик.
Нејзината најголема сила лежи во двете особини што ги носи во себе – трпеливост и чувствителност. Таа има добар карактер, но тоа не значи дека може да манипулирате со неа. Исто така има многу цврсти ставови кои тешко можат да се променат. Доколку сакате да го промени нејзиното мислење, ќе го разбудите нејзиниот лош темперамент.
Жената Бик се стреми кон тоа да се однесува убаво бидејќи тежнее кон рамнотежа и безбедност. Ја сака природата, но не е голем авантурист. Не сака да ризикува и подобро функционира во рутина, па затоа тешко се прилагодува на животните промени.
Секс и врски
Биковите се едни од најстабилните хороскопски знаци. Никогаш не изневеруваат и од голема важност им е прво да го запознаат партнерот за да бидат сигурни дали го запознале Вистинскиот пред да се впуштат во сериозна врска или брак.
Мажот којшто сака да ја освои треба да се потруди бидејќи не е лесно да се добие жената Бик. Оној којшто ќе ја освои ќе добие многу бидејќи жената родена во овој хороскопски знак се грижи за другите, и ќе дава сè повеќе и повеќе во врската, ќе се труди и ќе вложува сè додека партнерот ѝ овозможува чувство на сигурност и заштита.
Љубовните партнери ќе ги изненади со нејзините вештини во кревет. Сексот го доживува како земја на фантазијата во која бега од секојдневниот живот и проблеми. Жената Бик е страстна и нежна.
Пријателство
Жената Бик е една од најдобрите пријатели коишто може да ги имате во животот. Таа е многу лојална и несебично вложува во пријателските односи. Секогаш ќе биде тука за вас.
Изглед
Големи впечатливи очи со спуштени капаци, полни сензуални усни, издолжен врат, се некои од физичките одлики на жената Бик. Тие обожаваат да носат марами, накит и шалови за да го истакнат вратот.