Актерот Силвестер Сталоне одговори на барањето за развод од сопругата Џенифер Флавин, негирајќи ги шпекулациите дека за разделбата виновно е нивното куче.
Правниот тим на Сталоне наведе дека актерот не учествувал во намерно трошење, исцрпување или расипување на брачниот имот што имало негативен економски ефект на брачниот имот.
Исто така, се спротивстави на барањето на Џенифер само таа да ја користи нивната куќа во Пал Бич. Не се спротивстави на нејзината одлука да си го врати моминското презиме.
Откако Флавин поднесе барање за развод, почнаа шпекулации дека виновник за тоа е нивниот ротвајлер. Силвестер го сакал кучето за да го заштити семејството, но Џенифер се противела на одлуката за новото куче. Така се скарале и работите преминале во пожестока расправија, која на површина донела многу други работи, тврдат извори.