Стерјовски: Македонската заедница од Голо Брдо бара 24-часовна работа на преминот кај Дебар

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, ја изнесе загриженоста на македонската заедница од областа Голо Брдо во врска со работата на граничнот премин Требиште-Џепиште.

– Во име на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, ја пренесувам загриженоста што ја покренаа жителите на македонската заедница од областа Голо Брдо на средбите што ги имав со нив, во врска со функционирањето на граничниот премин Требиште-Џепиште и потребата за негово 24 часовно функционирање. Функционира како заеднички граничен премин помеѓу Република Албанија и Република Македонија кај Дебар и е дозволено движење само за лица од локалното население, а не е дозволен премин за лица кои се жители на други области, рече Стерјовски.

Додаде дека преминот функционира 12 часа, но честопати жителите на Голо Брдо (поранешните општини Требиште, Острени и Стеблево) имаат неопходна потреба да се движат и после утврденото време, особено за итни медицински случаи кои се принудени да ги транспортираат во болницата во Дебар, што е многу поблиску.

Според Стерјовски, друг проблем за Македонците од областа Голо Брдо е што овој премин е од локален карактер и само за жителите од пограничниот регион на двете држави.

– Македонците кои живеат во Голо Брдо и на кои во личната карта им пишува дека се родени надвор од регионот на Голо Брдо, како на прмер во градовите Елбасан, Либражд или Тирана, не може да поминат на овој граничен премин. Овој проблем ќе се реши кога од локален премин од трета категорија, ќе премине во регионален премин од втора категорија, нагласи Стерјовски.

Посочи дека поради овие причини жителите на областа бараат 24 часовна работа на овој граничен премин.

– Ги повикувам албанската и македонската Влада да им помогнат на жителите од областа Голо Брдо, да создадат услови и да овозможат овој заеднички граничен премин што побрзо да проработи 24 часа, побара тој.

Потсети дека владите на двете земји на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година донесоа одлука за тоа, но оти „за жал оваа одлука сѐ уште не е реализирана“.

Дека преминот е повеќе од потребно да работи 24 часа во повеќе наврати побара и Македонското друштво „Илинден“ - Тирана и огранокот за Голо Брдо.

По долгогодишното барање на жителите од двете страни на границата, кои се и роднински поврзани, преминот беше отворен во 2013 година.Тој е од локален карактер, со заедничка полициска контрола и работи од 8:00 до 20:00 часот во летниот период и од 8:00 до 18:00 часот во зимскиот период.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе