Стерјовски не го доби потребниот број гласови за нов пратенички мандат

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, не успеа да обезбеди пратенички мандат на парламентарните избори, што се одржаа на 25 април во Албанија.

Стерјовски, беше на 12-тото место на кандидатската листа на Социјалистичката партија во изборната единица Корча.

– На крајот од процесот на пребројување на гласовите на кандидатите за пратеници, сакам да им се заблагодарам на сите граѓани од округот Корча кои ме поддржаа и гласаа за мене на овие парламентарни избори. Благодарност и до сите Македонци од Албанија кои живеат и работат во Македонија и Грција, кои изразија желба на 25 април да дојдат и да гласаат за мене. За жал, Техничкиот комитет на експерти, во врска со мерките за заштита на населението за време на пандемијата со коронавирусот, четири дена пред изборите, воведе двенеделен карантин за секој што доаѓа од Македонија и Грција. Поради тоа, Македонците од овие држави немаа можност да дојдат во Република Албанија и да гласат за мене, изјави Стерјовски.

Според освоените гласови, тој е деветти по ред на листата, што значи дека не успеа да влезе во добитната листа, но е на листата на чекање. Доколку се ослободи место во текот на четиригодишниот мандат на новиот парламентарен состав, додава тој, повторно ќе влезам во парламентот, како и во актуелниот мандат кој трае до осми септември годинава.

– За исправна ја сметаме одлуката на Македонска алијанса за европска интеграција за коалиција со Социјалистичката партија, бидејќи таа е апсолутен победник на овие парламентарни избори. Од новата влада на премиерот Еди Рама очекуваме поголема грижа и инвестиции за регионите каде живеат Македонците во Албанија, и вклучување на Македонците во институциите на системот. Ќе бараме решавање на многубројните проблеми со кои се соочуваат Македонците во Албанија, нагласува тој.

Посочува дека МАЕИ е единствената политичка партија која предизборно беше во коалиција со Социјалистичката партија и верува дека ќе продолжи понатамошната поддршка од Владата за решавање на проблемите на Македонците.

– Минатата недела на терен започна да се спроведува проектот за изградба на водовод за селата во општина Пустец, во вредност од 4 милиони евра, со што ќе се реши еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат Македонците во Општина Пустец, во областа Преспа. Имам целосна верба, дека во третиот мандат на Социјалистичката партија ќе сториме многу повеќе за областа Преспа и регионот Корча, додава Стерјовски.

Благодарение на вложувањата на Владата, нагласува тој, ќе ја претвориме Преспа во вистинска туристичка дестинација.

Ветува дека ќе вложи сѐ од себе, заедно со сите, до крајот на мандатот на 8 септември 2021 година да ги оствари обврските на пратеник и достојно да ги претставува во Собранието на Република Албанија.

– Нашиот слоган е: Одиме напред! Нема откажување. Борбата продолжува за права, просперитет, интеграција и економски развој. За трансформација на Преспа, округот Корча, Врбник, областите Голо Брдо и Гора, за трансформација на цела Албанија! Ќе сторам се што е во рамките на можностите и надлежностите, за интеграција на македонската заедница во институциите на власта, и во економскиот и социјалниот живот во Република Албанија, порачува Стерјовски.

Социјалистичката партија на национално ниво е апсолутен победник со освоени 74 од 140 пратенички места.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе