Стевановиќ: Недостигот на медицински кадар отсекогаш бил проблем

Никогаш нема да бидеме задоволни од бројот на персонал во ваква криза. Секогаш се добредојдени плус две раце. Уморни сме, ни требаат дополнителни луѓе, секогаш ќе бидат добредојдени, нагласи директорката на Клиниката за инфективни состојби и фибрилни состојби Милена Стевановиќ.

„Недостатокот на медицински кадар како во цел свет така и кај нас и во криза и вонкриза бил проблем. Ние максимално се трудиме, секој еден од нас кој работи во болниците да го дадеме својот максимум независно на која позиција работиме. Од исклучително големо значење е  хигиеничарот во нашата клиника, транспортерот и болничарот, медицинските  сестри, како и одделенските сестри кои го организираат процесот до секој еден од најмлад до најстар лекар кој го има своја  функција во работењето и навистина го дава својот максимум во својата работа“, изјави Стевановиќ.

На новинарско прашање во однос на отказите на трите медицински сестри од Инфективната клиника, за кои се пишуваше на социјалните мрежи, Стевановиќ потенцираше оти не гледа зошто е толку вознемирувачка атмосфера ако одредена медицинска сестра замине и продолжи да работи на друго место.

„Во меѓувреме, имавме навистина голем број на медицински сестри кои направија трансфер на Клиниката и се вработија на Клиниката токму сега во ова најтешко време.  Колешките имаа време и простор да размислат и да одлучат каде ќе работат како секој еден од нас. Јас сум им многу благодарна на сите кои сериозно време поминаа, кои помагаа и работеа интензивно во болницата додека трае оваа КОВИД-криза и одлучија да го сменат своето работно место. Тоа го направија.  Навистина, секој работник има свое работничко право да одлучи кога ќе го прекине работниот однос и каде тој ќе го продолжи“, истакна директорката на Инфективна клиника.

Во однос наводите што се пишуваа на социјалните мрежи, дека за одредени пациенти се бара посебен третман, меѓу кои и за претседателот на Собранието Талат Џафери, Стевановиќ истакна дека тоа е апсолутно  невистина.

„Посебно пациентот кој е споменуван беше исклучително дисциплиниран пациент кој никогаш ништо повеќе не побарал од она што е нега и третман какви што ги имаат сите останати пациенти. Сметам дека вакви коментари на индивидуалци кои секогаш се можат да напишат на социјалните мрежи е навистина непотребно да се коментираат“, рече Стевановиќ.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе