Стигна Ураганот Флоренс: Ова е силно невреме што може да убие

Њу Берн, 14 септември 2018 (МИА) - Американската сојузна држава Северна Каролина е погодена од силни ветрови и дождови предизвикани од ураганот Флоренс, кој беснее над Атланскиот Океан. Најтешко погоден е крајбрежниот град Њу Берн, каде има извештаи за граѓани отсечени во поплавени населби.

Ураганот вчера подзастана, откако неколку дена се движеше директно кон атлантскиот брег на САД, и загуби дел од својата сила, но сѐ уште се смета како бура од категорија 1, која може да предизвика сериозни поплавувања и да однесе човечки жртви.

- Иако непоканет, ураганот Флоренс само што не пристигнал, изјави гувернерот на Северна Каролина Рој Купер, кој нареди евакуација на илјадници жители од најизложените крајбрежни подрачја.

Тој ги советуваше жителите да бидат внимателни.

„Ова е силно невреме што може да убие“, предупреди тој.

Флоренс предизвикува ветрови со брзина од 175 километри на час и поројни дождови, при што проценките се дека наместа ќе паднат до 75 сантиметри дожд. Илјадници домови се оставени без струја, а граѓаните се подготвуваа за бурата што доаѓа со трупање резерви на храна и вода за пиење, стравувајќи дека поплавите ќе ги загадат водоводните системи.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе