Сто и деветнаесет години од загинувањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 119 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Собраниска делегација предводена од потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски и пратениците Марија Георгиевска и Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска ќе положат цвеќе во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев. Цвеќе ќе положат делегации од други државни институции, здруженија и граѓани.

Воедно, во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија од областа на науката.

Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903, неговите посмртни останки се чувале во Баница,  до 1917 година,  кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје. 

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more
 

Вести

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе