Столтенберг: Испорака на кинеско оружје за Русија би било историска грешка

Во средата, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја истакна важноста на единството во Алијансата во поглед на растечкото зближување меѓу Русија и Кина.

„Во време кога Пекинг и Москва се противат на меѓународниот поредок заснован на правила, уште поважно е да останеме обединети“, рече Столтенберг на прес-конференција по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Тој додаде дека Кина одбива да ја осуди руската агресија, дека ја презема руската пропаганда, ја поддржува руската економија и дека двете земји ги зголемуваат своите воени активности во индо-пацифичкиот регион.

„Сојузниците јасно ставија до знаење дека секоја испорака на кинеско оружје за Русија би била историска грешка со длабоки последици“, рече Столтенберг.

Коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, и покрај фактот што и Кина и Русија во заедничка изјава неколку дена претходно се обврзаа дека нема да распоредуваат нуклеарно оружје надвор од нивните граници, Столтенберг рече дека заедничките декларации беа „празни ветувања“ и дека е неопходно да се следи што прави Русија, а не што вели.

Столтенберг нагласи дека сојузниците треба да продолжат да и помагаат на Украина за да победи и опстане како суверена и независна нација и да постигне праведен и траен мир.

Тој најави дека НАТО ќе продолжи да ги поддржува оние кои се соочуваат со притисок од Русија, вклучувајќи ги Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина.

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе