Столтенберг ја отфрли можноста за исклучување членки на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека постојат мали шанси оваа организација некогаш да воведе систем на исклучување на своите членки.

– НАТО нема механизам за исклучување на членките. Нема да препорачам тоа да биде вклучено во нашиот основачки договор, истакна Столтенберг во Рига пред состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата.

Тој додаде дека и да биде предложено, тоа никогаш нема да се случи бидејќи за таква одлука е потребен консензус од сите 30 членки, што значи дека секоја земја има право на вето.

За време на дводневниот состанок, министрите ќе разговараат за предлозите на генералниот секретар за измена на Стратешкиот концепт на НАТО, документ кој ја опишува мисијата на Алијансата и планот за прилагодување на современите безбедносни предизвици.

Последниот стратешки концепт беше усвоен во 2010 година и не ја споменува Кина или климатските промени. Најавено е дека конечниот текст на Стратешкиот концепт ќе биде усвоен на самитот на НАТО во Мадрид во јуни 2022 година.

Тагови
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе