Столтенберг: Кина не е наш непријател, но не ги дели нашите вредности

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по дводневниот министерски состанок за надворешни работи на Алијансата, се осврна на предизвиците во односите помеѓу Кина и Западот, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Кина не е непријател на НАТО, јасно е дека подемот на Кина може да донесе нови можности, на пример во трговијата, глобалните прашања како контрола на оружје и климатски промени, вака Столтенберг го започна своето обраќање по завршувањето на министерскиот состанок вечерва.

Но, шефот на Алијансата предупреди дека и покрај можностите за соработка, Кина останува „системски“ конкурент на НАТО и на Западот.

– Кина не ги дели нашите вредности, Кина ги поткопува човековите права, брутализира други држави, изјави генералниот секретар на НАТО.

Тој ги повика демократиите „истомисленички“ да работат заедно во одбрана на нивните вредности, општества, економии и институции во рамки на поредок базиран врз правила.

Министрите за надворешни работи на НАТО, заедно со претставниците на Финска, Шведска, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, се согласиле да ја зајакнат соработката и размената на информации за да се пресретнат ефикасно опасностите кои доаѓаат од Кина, во воена смисла, како и во технолошка и инфраструктурна.

– Предизвикот за нашата безбедност од подемот на Кина е, исто така, причина зашто НАТО мора да преземе поглобален пристап и ова е клучен дел од мојот проект НАТО 2030 за зајакнување на нашата Алијанса за иднината, рече шефот на Северноатлантската Алијанса.

НАТО и земјите партнери, вели Столтенберг, треба да инсистираат Кина да ги почитува правилата на меѓународниот поредок.

Министрите на Алијансата попладнево, исто така, дискутираа и за ситуацијата во Грузија и во Украина, каде Русија сѐ уште претставува опасност за суверенитетот и територијалниот интегритет на овие две земји.

Тагови
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе