Столтенберг: НАТО поприсутно на Блискиот Исток со согласност на државите од регионот

Барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемено присуство на НАТО на Блискиот Исток не е изненадувачко, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој на прес конференција кажа дека разговорите за ова прашање штотуку се почнати и бараат постигнување едногласност и затоа засега се воздржува од прогноза како тие ќе завршат.

- Зголемувањето на нашето присуство во регионот наметнува согласност од државите што се таму, а тоа ќе одземе време, забележа Столтенберг.

Тој прецизираше дека НАТО располага со можности да одговори на барањето на Вашингтон. Генералниот секретар посочи дека проблемите на Блискиот Исток се закана за сите, како и дека за изноѓање на решенија се неопходни политички, дипломатски, економски и воени мерки.

Според него, НАТО и сега е присутен на Блискиот Исток со своите напори во борбата со тероризмот. Најдобриот одговор на терористите не се воените операции, туку обуката на локалните безбедносни сили.

- НАТО го задржува своето присуство во Ирак, остануваме во тесна врска со локалните власти. Ситуацијата на Блискиот Исток останува несигурна. Никој нема интерес од нов конфликт, стабилноста е важна за сите во НАТО, дополни Столтенберг.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе