Стопанска комора: Учениците неупотребливи за компаниите ако немаат пракса

Фирмите се жалат дека не можат да обезбедат квалификуван стручен кадар, а од друга страна само 40 отсто од нив оствариле соработка со средни стручни училишта и го прифаќаат дуалниот систем на образование кој предвидува учење преку работа, односно практична работа за средношколците.

Како што покажува анкетата на Стопанската комора направена неодамна исто така само 40 отсто од компаниите кои се вклучени во системот за практична работа за средношколците, вработиле двајца или тројца од нив по завршување на учењето, а само 9 отсто од компаниите вработиле до шест ученици кои биле кај нив на практична работа.

Дефицитарни се струките поврзани со електромашинската и металната струка, текстилната струка, угостителството и туризмот и рударско-геолошката струка, но најмногу фалат ѕидаро-тесари.

„Кај компаниите постои првичен интерес да се вклучат во процесот на дуално образование, но многу од нив не се упатени што тоа всушност претставува. Тие трошат пари за дообука на нестручен кадар, наместо да го обучат уште додека е во образовниот процес“, вели Софче Јовановска, советник во Стопанската комора која презентираше дел од анкетата.

Со дуалното образование директно се придонесува за поголема конкурентност на претпријатијата и за намалување на невработеноста, како и за одливот на стручниот кадар.

„Помалку од десет отсто е невработеноста во земјите кои го негуваат системот на дуално образование, а 70 отсто од најдобрите менаџери во светот минале токму ваков циклус на школство - паралелно учење теорија и стекнување пракса во соодветна компанија“, рече Јовановска. Спротивно на ова кај нас се уште се стравува дека ако средношколците работат додека учат, ќе завршат како чираци, наместо како академски граѓани.

Компаниите се резервирани во однос на праксата на средношколците затоа што треба да им дозволат да работат на скапи машини, но од Комората посочуваат дека, при реализирањето на практичната работа се ангажирани обучени ментори.

Како што посочи Јаневска, во Министерството за образование веќе се размислува за воведување некаков облик на субвенционирање на компаниите да се вклучат во овој систем на образование, но каков ќе биде тој модел рано е да се каже.

Во однос на дуалното образование во Европа, предничат Германија, Австрија и Швајцарија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе